Филипче: Можна е препорака за трета доза, а можно е и вакцината да стане сезонска

Министерот вели дека веројатно делта-сојот нема да биде последен, а моменталната состојба ја оцени како „прилично мирна“, но предупреди дека е можно влошување. Ако дојде до тоа, ќе се воведат рестрикции кои прво ќе бидат насочени кон невакцинираните

Едно од можните сценарија во однос на вакцинацијата против ковид-19 е здравствените власти да дадат препорака и за трета доза, но и вакцината да стане сезонска, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој се надева дека интересот за имунизација нема да спласне и ќе се одржи ова ниво.

„Интензивно ги следиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата. Едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза вакцина, следно можно сценарио е ова да премине во сезонска вакцинација. Очигледно нема да запре трендот на појава на нови соеви и многу веројатно е дека делта-сојот нема да биде последниот сој на овој вирус. Тоа значи дека предизвиците остануваат и понатаму“, изјави Филипче од Гевгелија.

31.07.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега