Филипче: Медицинска сестра од пулмологија заразена со коронавирус – 4 медицински сестри од Штип се во самоизолација

Една медицинска сестра од Куманово, која секојдневно патува на работа на Клиниката за пулмологија, а минатата недела била во резервниот тим, е позитивна на коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче објасни дека таа деновите кога одела на работа немала симптоми, но од вчера имала покачена температура и по тестирањето е дијагностицирана со ковид-19. Сепак, Филипче потенцира дека таа тие два дена кога била на работа била со целосна заштитна опрема. Направени се интервјуа со нејзините колеги и врз основа на податоците кои се анализираат ќе бидат преземени натамошни постапки.

Исто така, четири медицински сестри од инфективното одделение во Штип се во самоизолација откако кај 80-годишна пациентка дури второто тестирање покажало дека е позитивна на коронавирус. Филипче објасни дека жената прво била примена на 26 март кога брисот бил негативен, но на 30 март, поради влошување на состојбата, е направено уште едно тестирање кое покажало позитивни резултати.

Сите пациенти од Заводот за рехабилитација во Козле се испишани и се на домашно лекување, а оние што треба да се лекуваат ќе бидат амбулантски лекувани во болницата „8 Септември“, соопшти Филипче на прес-конференцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега