Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

 

Министерот за здравско Венко Филипче на социјалните мрежи објави видео од уште една млада пациентка која го победи карциномот во текот на лекувањето на Детската клиника.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица! Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш само посакај!“, велат од Клиниката за детски болести.

Бојана е едно од децата кои победија карцином.

„И посакувам секогаш да е насмеана, здрава, среќна. Благодарност до установата, која повторно ги враќа насмевките на нашите најмили и нивните родители!“, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега