Филипче: Кризата со коронавирусот ескалираше насекаде на Балканот - предвидувањата дека ќе исчезне во текот на летото не се исполнија

Во изминатите 10 дена кризата со коронавирусот повторно ескалираше насекаде на Балканот. Во Србија во последните 7 дена има над 300 случаи на ден, во Бугарија над 150, Албанија скоро 70 и во Косово над 100 случаи на ден. СЗО извести дека 60 проценти од случаите се регистрирани во месец јуни, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Ова повторува дека насекаде има нов бран. Кај нас дојде нешто порано и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и непочитувањето на мерките за лична заштита.

Предвидувањата дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија, има пикови на новозаразени и починати и тоа е доказ дека вирусот е тука и мора да бидеме подготвени.

Мора да ги почитуваме мерките, да се навикнеме на новата реалност, но со почитување на мерките за лична заштита. Мора да прифатиме дека оваа реалност можеби ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа.

Според ИЈЗ од 20 до 28 јуни регистрирани се 303 помалку случаи, 8 помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени. Изминатитата недела има вкупно околу 800, случаи што е помалку од претходните 3 недели.

Р0-факторот на преносливост во изминатите 10 дена,  2-3 дена е само над 1,1 процент , целиот останат период е околу 0,9.

Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи. Апелирам уште еднаш, возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е висока. Најголем број од случаите на возраст над 60 години.

Во однос на дистрибуцијата во градови, најголем дел се во Скопје и Тетово. Овие градови и натаму остануваат најголеми жаришта.

Спорадични случаи има во повеќе градови, бројките варираат секаде.

Нема знаци дека постои друго потенцијално жариште освен Скопје, Тетово и нешто повеќе случаи во Гостивар.

Во последните неколку денови бројката на активни случаи е израмнета, но дали овој тренд ќе продолжи останува да следиме. Денеска има нешто помалку случаи.

Во однос на тестирањата, во земјава стратегијата на ширко интензивно тестирање дава резултати. Во просек имаме околу 8 илјади тестови неделно. Овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта пред се. Да се задржиме на оваа линеарна бројка.

Како резултат имаме рана детекција на асимптоматски случаи и нивно изолирање. 

Во следниов период продолжуваме со истата стратегија. Апелирам граѓаните да соработуваат со здравствените работници. Да даваат точни податоци. 

Во последните 894 тестирања, регистрирани се 78 нови случаи, 172 оздравени лица, починати се  5 пациенти. Вкупната бројка на дијагностицирани е 7124, оздравени 3199, починати 346.

Манифестацијата на болеста во изминатиот период целиот тим на МЗ беа посветени на менаџирање на капацитетите и ресурсите. 

Денеска се хоспитализирани вкупно 421 пациенти. Бројот на хоспитализирани од активните пациенти е речиси ист во изминатиот период. Во изминатиот период евидентен е бројот на повеќе оздравени и испишани од болниците. Анализата на хоспитализирани пациенти и нивното доаѓање во болница упатува на заклучокот дека има добар дел на пациенти кои доаѓаат во болница кога состојбата им е значително влошена.

Во однос на состојбата на биолничките капацитети, на Клиниката за инфективни болести изминатите 24 часа се примени 5 пациенти, вкупно хоспитализирани се 90, на кислородна поддршка 53 пациенти. Има околу 20 кревети на самата клиника коишто се на располагање. Овој тренд на многу помалку примени пацеинти трае многу повеќе.

Во Козле се хоспитализирани се 29 пациенти и 4 деца. Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови вкупно, 122 пациенти вкупно се хоспитализирани, а  на респираторна поддршка се тројца. 88 се потврдени дека се позитивни на вирусот,за другите се чека резултат.

Во Битола и Штип има слободни кревети за следните денови. Инфективните одделенија во другите градови вкупно 94 хоспитализирани пациенти и нема одделение во коешто нема слободни кревети во овој момент.

Заврши постапката за модуларна амбуланта до клиниката за пулмолиогија, за да се направи упште еден центар за тријажа, блиску до клиника во којаштоима експертиза. Секако да се растерети амбулантата којашто сега ја користат повеќе интернистички клиники.

Според сите анализи и предивудва останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно ќе се шири. Луѓето ќе бидат повеќе во затворени простории. Во таа смисла работите во подготовка на капцитетите за есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на повеќе болници. Разговараме и разгледуваме дополнителните капацитетит да се користат како бол нички. Има неколку студентски домови, во Охрид Битола коишто се соем солидни со куни, но е прашање како тоа ќе се изменаџира. Но, во секој случај во следниот период ќе имаме апсолутно целосно спремен план.

Според евиденцијата на ДСЗИ нешто под 5000 луѓе се во изолација и на домашно лекување. Тие треба да се пријават на сајтот на ДИК доколку сакаат да гласаат. По тројца во општина ќе бидат определни а да го спорведат ова гласање. Не известија дека планират симулација на процесот на денот на гласање.

Светот е далеку од крај на пандемијата, вирусот е тука, имаше повеќе земји коишто прогласија крај на епидемијата и очигледно е дека погрешија, повторно се враќаат случаи насекаде. Сакам да апелирам на апсолутно и безусловно почитување на мерките за заштита. Ова се универзални мерки коишто се базираат на истите принципи како и другите мерки во светот. Живееме со вирусот мора да го прифатиме, да работиме дури и да се дружиме, но само со почитување на мерките. Така ќе ги заштитиме и ќе им помогнеме на здрав работници кои се борат 5 месеци за секој човечки живот“, кажа Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега