Филипче: Коронавирусот генерално не ги афектира новороденчињата

За многу специфични работи сѐ уште и во светот нема доволен број на информации, кога постои таква работа, недоволно публикувана и прилично непозната, се консултира стручната литература во рамките на стручен колегиум и дел од епидемиолозите, објаснува министерот за здравство, Венко Филипче.

-Иницијалните информации се дека навистина многу мал процент, практично ние не сретнавме случај на вертикален пренос, од мајката родилка на бебето. И како процент на заболени од сите заболени во светот е дека има многу малку КОВИД-19 позитивни трудници. Но, ете, на секоја бремена жена на која и е дојден терминот за породување, тогаш кога има симптоми, се постапува според протоколот на гинеколошко-акушерската клиника.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега