Филипче: Ќе процениме кои мерки ќе ги препорачаме понатаму, тие зависат од целокупната епидемиолошка состојба

Мора да се изрази благодарност до граѓаните коишто ги почитуваат превентивните мерки. Навистина немаше значаен број на собири за новогодишните празници. Сега сме во еден период во којшто мора да видиме и процениме што ќе препорачаме понатаму. Мерките зависат од целокупната епидемиолошка состојба. Болниците се навистина подиспразнети. Повеќе од 50% капацитет на болниците ширум државата е празен. За првпат после долг временски период и на самата инфективна клиника има слободни кревети. Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија - офталмологија, оториноларингологија, започнуваат со редовната работа. Ние сме во една стабилна ситуација, но тоа не значи дека сега ќе станеме помалку внимателни или го спуштаме гардот. Ги следиме бројките на новодијагностицирани, хоспитализирани. Внимателни сме затоа што е можно, како што е тоа случај во други земји да се соочиме со трет бран. Но, засега нема такви сигнали и најави. Навистина е ситуацијата спласната, но апсолутно сме внимателни и внимателно ги анализираме сите епидемиолошки аспекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Истовремено нагласи дека во Македонија се детектирани осум соја на корона вирусот.

- Од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели, рече Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега