Филипче: Како никогаш досега ги зголемивме платите во јавното здравство

 
Докажавме дека Социјалдемократскиот сојуз води вистинска политика и грижа за пациентите и здравствените работници во Република Северна Македонија. Ова го вели денеска министерот Венко Филипче.
 
- Како одговорна политичка партија, за две години како никогаш досега ги зголемивме платите во јавното здравство. Затоа што знаеме дека без мотивиран здравствен работник не може да имаме ни задоволни пациенти. Од февруари 2020 година, за 25% ги зголемуваме платите на лекарите специјалисти, додека пак за 10% на медицинските сестри.  Тоа значи, дека заедно со сите зголемувања од минатата година, платата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%. Вкупното зголемување на општите лекари е 25% и 15% на сите здравствени соработници. На прав пат сме, затоа што вложуваме во човечкиот капитал, вложуваме во луѓето, вложуваме во нашите здравствени работници, вели тој.
 
За 11 години власт, ВМРО-ДПМНЕ освен тоа што го урниса здравствениот систем, максимално ги понижи и здравствените работници. Тие беа немотивирани за работа и немаа зголемувања на платите.
 
- Сега, СДСМ носи вистински мерки во интерес на медицинскиот кадар, но и на пациентите. 
 
Би сакал да истакнам дека за првпат оваа влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. А од оваа недела, 134 медицински сестри почнаа шестмесечна работа во Службите за патронажна дејност низ целата држава.  Но, покрај тоа што водиме вистинска грижа за здравствените работници, го подобруваме и квалитетот на живот на сите граѓани.  За првпат лекот Спинраза го донесовме во нашата држава. Пациентите со спинална мускулна атрофија ја имаат потребната и неопходна терапија. Го подобривме животот на 7 дечиња.  На прав пат сме, затоа што за две години, воведовме 5 нови лекови за лицата со ретки болести. ВМРО-ДПМНЕ ги остави овие пациенти без потребната терапија. Но, покрај зголемувањата на платите, вработува, воведувањето на нови лекови, ги подобруваме и условите во јавните-здравствени установи. Продолжуваме и во наредниот период со подобрување на условите за работа на сите здравствени работници, додава Филипче.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега