Филипче: Изречени казни за екс-директорката на болницата во Охрид, доктори специјалисти и самата институција

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека ќе има соодветни санкции за болницата од Охрид, откако беше откриен пропуст при што почина жена од Струга заразена со корона вирусот.

„Сакам да информирам дека во болницата во Охрид е завршен увидот. Изречени се казни на претходната директорка, на доктори специјалисти и на самата институција. Ќе се направи стручен увид од Лекарската комора и ќе се дискутира детално“, соопшти Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега