Филипче: Илче од Охрид по десеттина дена лекување, здрав и расположен си заминува во мал групен дом

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува за дете од Охрид кое по десетина дена лекување на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеле за него.

„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство“, пишува Филипче.

Тој упати и голема почит до сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеле за него.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега