Филипче: Градинките ќе започнат со работа на почетокот на јуни, а отворањето на границите се очекува кон средината на јуни

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

– Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега