Филипче: Голем удел во бројот на новозаразени имаат патниците од странство

Министерот за здравство Венко Филипче за Телма изјави дека голем удел во бројот на новозаразени периодов се патниците кои доаѓаат од странство, а дали тие се носители на Делта-варијантата се утврдува дополнително.

– Најдобра заштита против коронавирусот и сите досега појавени мутации се вакцините, а ние не можеме вечно да живееме со рестрикции, вели Филипче во изјава за телевизија „Телма“ и затоа смета дека тоа е доволно за граѓаните да бидат свесни дека треба да се вакцинираат.

Тој уште еднаш повтори дека и покрај порастот на новозаразени, рестриктивни мерки засега нема да се воведуваат. Доколу се воведат мерки наесен тие ќе бидат наменети само за невакцинираните граѓани.

– Не може да ни се повтори сликата од лани со сите тие заострени ограничувања, вели министерот Филипче.

03.08.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега