Филипче: Дополнително ќе се скрати времето на чекање на Брза помош

Покрај тоа што пунктовите на Итната медицинска помош (ИМП) не функционираа поради недостиг на кадар, времето на чекање во Скопје не е подолго од 15 минути за интервенција на екипа од брзата помош.

Но тоа време дополнително ќе се скрати сега откако веќе се примени патронажните сестри и доктори во рамките на Здравствениот дом, не само во Скопје, туку насекаде во државата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Во овој момент тие прават планови и распоред како ќе бидат физички распределени и во тие пунктови кои сега не функционираат, а ние во овој период од 60-тина дена кој следи ги очекуваме дополнителните седум возила. Значи освен со кадар и со возила ќе се зајакне капацитетот на ИМП. Верувам дека во следните месеци сликата ќе биде драстично различна, истакна Филипче.

Тој посочи дека Службата за Итна медицинска помош сосема коректно функционира и во сегашни услови со новите возила кои веќе ги имаат од претходната набавка.

– Пред се тука мислам на Здравствениот дом Скопје заради тоа што нивниот капацитет двојно се зголеми – освен шесте возила со кои располагаа, сега имаат и дополнителни шест возила, имаат доволен број вработени во редовна постапка, но и патронажни сервиси, рече Филипче.

Појасни дека се уште не се пренаменети возилата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за транспорт на пациенти.

– Tие служат само за транспорт на пациенти, а не за пружање итна медицинска помош. Тие се опремени само со количка и неопходни апарати за да се транспортира пациентот од една јавна здравствена установа во друга. Тие се распределени по јавните здравствени установи ширум државата согласно нивните барања и сега секој прави пренамена така како што тие самите побарале, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето Договор за грант од 23.165 евра за набавка на апарат за дијагностички ултразвук на тироида и вратна регија за Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина. Договорот го потпишаа амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и деканот на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега