Филипче: Донација од 13500 тестови од Норвешка- 10000 од нив за министерството за здравство

 
Министерот за здравство Венко Филипче денеска присуствуваше на примопредавањето на донација од 10.000 брзи тестови. Оваа помош произлегува од потпишаниот Протокол за донација меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и норвешкото одбранбено аташе, ппк. Егил Далтвејт.
 
Од прогласувањето на кризната состојба, Министерството за одбрана се вклучи во помош за справување со ковид кризата, рече министерот Филипе. Веќе од понеделник, Воено медицинскиот центар со тим од 12 лекари и 20 медицински сестри ќе се вклучат во работа на ковид одделенија во Скопје.
 
-Тоа е голема помош и поддршка имајќи предвид дека сега сите специјалисти од областа на интерната медицина, сите инфектолози од почеток на кризата се посветени на третман на пациентите со Ковид 19. Оваа донација од брзите тестови е многу значајна, бидејќи го олеснија пристапот на пациентите кон тестирање, но го олеснија и процесот на движење на пациентите во болничките установи. Со брз тест за 15 минути се знае дали е пациентот позитивен или не и по која „патека“ ќе треба да се лекува во болничките установи.
 
Филипче упати благодарност до Кралството Норвешка и нивното Министерство за одбрана за оваа многу значајна помош и поддршка за нашата земја.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега