Филипче: Доктор од психијатриската болница во Демир Хисар е заразен со коронавирус

Доктор од психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирусот, информираше министерот Венко Филипче на прес-конференција.

„Станува збор за психијатар кој е асимптоматски, но имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза. Тестот е позитивен, а со оглед дека бил во контакт со колегите во болницата, преку Центарот за јавно здравје во Прилеп направени се епидемиолошки анкети и е дадена препорака за самоизолација на психијатрите, изјави Филипче.

Министерот изјави дека заедно со психијатрите од Скопје ја реорганизирале работата на болницата и до завршување на самоизолацијата на вработените ќе се ангажираат други доктори од Битола и Прилеп, а по потреба ќе бидат вклучени и психијатри од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.

Сите пациентите на кои ќе им биде индициран хоспитален третман ќе бидат упатени во другите центри во Охрид, Битола или Прилеп.

Филипче изјави дека ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп, кој практично го управува болницата во Демир Хисар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега