Филипче до ВМРО: Да бидеме конструктивни за доброто на државата

Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ова денеска го напиша на Фејсбук министерот за здравство, Венко Филипче и упати апел до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на Нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање на политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи, напиша Филипче.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.08.2019 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега