Филипче: Целосно сум посветен на решавање на проблемот со корона вирусот и немам партиска агенда

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека сите нови случаи на заразени од корона вирусот се резултат на непочитување на мерките за заштита.

 

„Во Скопје опаѓа бројот на заразени, но расте во другите градови. Сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Слична е и ситуацијата во регионот, така е секаде каде се попуштаат мерките. Интензивно ја следиме ситуацијата во однос на отворање на границите. Вирусот е тука, нема да замине. Засега не можам да кажам кога ќе отворат градинките. Јас сум целосно посветен на решавање на проблемот со корона вирусот и немам партиска агенда за овие избори“, истакна Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега