Филипче: Целосна вакцинација намалува развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход

Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
„Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход.
Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер-Бионтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. #ВакцинирајСе“, напиша Филипче.

22.09.2021 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега