Филипче: Благодарност до грчкиот народ за 20.000 вакцини Астра Зенека

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва упати благодарност до грчкиот народ за донацијата од 20.000 вакцини Астра Зенека кои ќе пристигнат утре.

 

-Одлична вест од соседна Грција. Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас и би сакал да изразам голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек. Апелирам што поголем број граѓани да се пријават на vakcinacija.mk, порача Филипче.

14.06.2021 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега