Филипче: Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус

Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат. Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање, кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава, објави вечерва на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Посочува дека анализите покажуваат дека (со 2.362 теста) сме втора земја во регионот, после Хрватска (со 2.395 тестови), според бројот на спроведени тестови за коронавирус на милион жители.

– Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја. Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени, додава Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега