Филипче: 89-годишниот Андон е најстариот пациент кој го победи корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил сподели дека Андон Атанасов има 89 години и е највозрасниот пациент кој го победи корона вирусот.

-Неговиот син нѐ извести дека сега тој е во добра состојба благодарение на посветеноста на докторите во болницата во Битола. Андон е храбар човек со волја за живот. Му посакувам добро здравје и уште многу денови поминати со неговите најмили!, објави на Фејсбук, министерот за здравство, Венко Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа