Филипче: 2000 кинески вакцини од прозиводителот Синофарм до вечер ќе пристигнат во нашата земја

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм“ пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа донација, посочува министерот, е од Обединетите Арапски Емирати.

-Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста, напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа