На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ донесени се неколку казни и постапки за клубови и фудбалери од ПМФЛ.

ФК Шкендија е казнета со 5.000 евра поради слаба организација, фрлање предмети, скалпел и запалки, и влегување на неслужбено лице на натпреварот со ФК Пелистер.

Имран Фетаи (Шкендија) доби забрана за настап на два натпревари, а Вебстер Роналдо Ромарио на еден натпревар.

Шабан Сулиман (Работнички) и Александар Васоски (Силекс) се казнети со забрана за вршење на функција на два натпревари.

ФК Вардар се соочува со дисциплинска постапка за слаба организација на натпреварот со Шкендија. Тренерот Тони Мегленски доби забрана за функција од еден месец, а Дарко Додев е суспендиран на еден натпревар.

Против Шкендија е отворена нова постапка поради фрлање на запалки по завршување на натпреварот.

Exit mobile version