Фетаи, Стефанова и Рустеми на „гости“ кај Русковска

Обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми пристигнаа во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека шефицата Вилма Русковска испрашуваше сведоци за истрагата „Рекет”, пренесе „ФОКУС“.

На прашање на новинарите, да не дошле и тие за „Рекет“, обвинителката Фетаи кусо посочила дека се дојдени за предметите.

Од неодамна предметите на СЈО и формално преминаа во Републичкото јавно обвинителство. За предметите кои се во судска процедура обвинителот Љубомир Јовески ги овластува досегашните обвинители, од тимот на СЈО, а засега е непознато дали за истрагите и предистрагите ќе бидат задолжени други обвинители или ќе останат досегашните.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега