Потпретседателот на владата Арбен Фетаи поднесе оставка на функцијата во кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски, пренесува Телма. Фетаи претходно повеќе од два и пол месеци не доаѓаше на работното место во владата во која ја извршуваше функцијата вицепремиер за добро владеење.
Од прес службата на владата за Телма потврдиле дека во текот на денешниот ден е доставена оставката на Фетаи, а портпаролката на владата Марија Митева најави дека на првата следна седница таа ќе биде констатирана.


