ВРЕДИ смета дека треба да добие две места во реконструкцијата на кабинетот на Премиерот Мицкоски бидејќи Меџити, кој сега стана градоначалник во Владата држел две позиции, заменик премиер и Министер за животна средина вели вицепремиерот Арбен Фетаи.

„По изборот на Меџити за градоначлник на Чаир, нна неговото место треба да дојде Беким Сали. Како што знаете, Меџити држеше две функции во Владата. Ние сметаме дека треба да предложиме едно плус име, Министер за животна средина и заменик Премиер.“ – рече Фетаи

Сепак, тој е свесен дека тоа ќе биде одлука на Премиерот со кој очекува да имаат средба на која би се разговарало на оваа тема.
Мицкоски веќе најави дека не планира ново министерство за Вреди но и тој остави простор за оваа тема да се разговара на средбата меѓу коалиционите партнери

Exit mobile version