Фетаи побара притвор за еден од обвинетите за „Насилство во Центар“

 

На денешното рочиште за случајот „Насилството во центар“, во кој меѓу обвинетите се и екс премиерот Никола Груевски и екс министерот Миле Јанакиески, не дојде еден од обвинетите, Милан Андонов, а Фатиме Фетаи поради тоа побара притвор.

Обвинителката Фетаи откако го разгледа извештајот од специјалист истакна дека обвинетиот имал ларангитис и дека докторот препорачува 14 дена да нема физички напор.

-Доколку денеска дојдеше обвинетиот сигурно немаше да има физички напор. Неговото отсуство е со цел да ја одоговлече постапката. Ова е трет пат како истиот обвинет не се појавува. Очигледно е дека избегнува да дојде, затоа предлагам да му се изрече притвор, рече Фетаи, пренесе Фокус.

На минатото рочиште, судијата Душан Јосифов го одложи судењето, по забелешката на Груевски и останатите обвинети дека во целост не го разбрале обвинението, бидејќи не го добиле во пишана форма.

 

 

 

 

13.03.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа