Фетаи: Од новите докази ќе зависат измените во обвинението за убиството кај Смилковско

По три часа траење судот го прекина рочиштето за случајот „Монструм“. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи по завршувањето на рочиштето во изјава за медиумите истакна дека важно за овој предмет е тоа што почнува одново со судења каде ќе се изведуваат стари докази, но ќе бидат изведени и нови од страна на СЈО и одбраната. Фетаи кажа дека сѐ ќе зависи од доказите кои темлено ќе бидат разгледани во судницата, за потоа судот и обвинителите да донесат правични одлуки.

На прашањето на новинарите зошто ниту еднаш во своето излагање пред судот не го спомнала празникот Велики четврток на кој беа убиени момчињата кај Смилковското езеро за кој претходно обвинителката Гордана Гешковска го покрена обвинителниот акт на верска основа, Фетаи кусо одговори дека нема намера да коментира постапувања и излагања на претходни обвинители во предметот. Судскиот процес за случајот „Монструм“ продолжува на 23 мај со одбрана на останатите двајца обвинети.

 

 

 

16.05.2018 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа