Фетаи: Македонија ја ризикува визната либерализација поради случајот „Мафија“

Најновиот скандал со над 200 издадени македонски пасоши со туѓ идентитет на лица со криминално досие ја загрозува визната либерализација за граѓаните на Република Северна Македонија, оценува Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците во своето денешно гостување во емисијата „Патот кон …“ на Алсат. Според него,  скандалот ја потенцира и потребата за суштински реформи во рамките на Министерството за внатрешни работи и другите државни служби за безбедност.

„Зборуваме за криминалци, нарко дилери на високо ниво, кои ги бара Интерпол, на кои им е овозможено преку овие лажни пасоши да ја вршат својата меѓународна криминална активност, слободно да се движат со лажни идентитети преку границата. Како прво, на меѓународно ниво, мора да имаме предвид дека Северна Македонија е дел од групата балкански земји кои уживаат во визната либерализација, а овој скандал е директен удар врз Шенген системот. Имаме предвид дека Шенген системот е изграден на таков начин што може да ги контролира и нивото на висок криминал и меѓународните мрежи за трговија со дрога. Значи, не верувам дека овој удар ќе помине без последици во однос на одговорот што ќе го добиеме од Брисел, во врска со овие недостатоци што се создаваат во рамките на Шенген системот каде што криминалците ја користат Северна Македонија како „банана република“. Всушност, влеговме во групата африкански земји каде криминалците можат да одат да купуваат пасоши и слободно да се движат за да ја извршат својата криминална активност“, вели Фетаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа