„Фејсбук“ ја укинува рубриката за вести во Германија, Франција и Британија

 

„Фејсбук“ најави дека на почетокот на декември ќе ја укине рубриката за вести во Велика Британија, Франција и Германија и ќе се фокусира на кратки видеосодржини. Одлуката е донесена во согласност со стратегијата на „Фејсбук“ за насочување на ресурсите во области од поголем интерес за корисниците, тврдат од компанијата.

Корисниците ја посетуваат платформата првенствено за социјални врски и истражување интереси, а не за вести и политички содржини, нагласуваат тие. Според „Фејсбук“, содржината на вести има помалку од три проценти од прегледите на платформата на глобално ниво.

Промената нема да влијае на другите производи и услуги на „Мета“ во Британија, Франција и во Германија и корисниците сè уште ќе може да пристапуваат до написите од вести преку споделени врски.

Европските издавачи ќе го задржат пристапот до своите фејсбук-сметки и страници, кои им овозможуваат да објавуваат линкови до содржината и да ги насочуваат корисниците кон веб-страниците.

Тие исто така може да користат производи, како Reels и системот за рекламирање, за да допрат до пошироката публика и да го задржат целиот приход од надворешните врски.

„Фејсбук“ ќе ги почитува договорите со издавачите во Велика Британија, Франција и Германија додека не истечат, но не планира да склучува нови за објавување вести на Facebook News.

Тие исто така посочуваат дека не подготвуваат нови производи специјално приспособени на издавачите на вести истакнувајќи во исто време дека ќе истраат во поврзувањето на корисниците со веродостојни информации.

06.09.2023 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега