Фејсбук хакиран - ако утрово ви се случи ова проверете ги своите податоци

 

Друштвената мрежа Фејсбук соопшти дека денеска скоро 50 милиони корисници биле изложени на безбедносен проблем.

Ранливоста во заштитата на податоци хакерите можеле да ја искористат преку опцијата „Вју ез“ (View As).

Компанијата на почетокот од оваа недела откри дека до=ло до упад на системот, откривајќи дека хакерите ја користеле опцијата во кодот на Фејсбук, која им овозможила преземање на кориснички профили.

Фејсбук го „среди“ овој проблем и како што наведуваат во соопштението, надлежните органи се известени за истиот.

Денеска утринава повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук биле присилени да се одлогираат од профилот, што е вообичаена мерка за безбедност за профили кои се нападнати.

Компанијата навела дека не знае кој стои зад овој масивен напад, како ни дека уште не успеале да ја проценат неговата обемност. Како што навеле, уште се во почетна фаза на истрагата.

 

 

 

28.09.2018 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа