Фаучи со добри вести- познато кога може да се очекуваат првите вакцини против Ковид 19

Според директорот на Националниот институт за алергии и инфективни болести на САД, Ентони Фаучи вакцината против коронавирусот би можела да биде достапна во октомври, а најдоцна до ноември.

 

Фаучи вели дека вакцината би можела да биде достапна до октомври, но поверојатно е тоа да се случи до ноември, пренесува Гардијан.

Овие вести стигнуваат пред одржување на претседателските избори во САД, кои се закажани за ноември.

Американскиот национален институт за здравје денеска почна со третата фаза од тестирањето на вакцината притив коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа