Фаучи: Омикрон е помалку опасен од делта-сојот

Иако има брзо ширење на омикрон, првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта-сојот, изјави главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфекторлогот д-р Ентони Фаучи, за „Си-ен-ен“.

Фаучи посочи дека на научниците им се потребни повеќе информации пред да донесат заклучок за сериозноста на омикрон, откако информациите од Јужна Африка покажуваат дека стапката на хоспитализација не е алармантно зголемена.


Сојот омикрон до денеска е откриен во третина од американските сојузни држави. Во САД се уште е доминантен делта-сојот на коронавирусот.

06.12.2021 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа