Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година

Белата куќа имаше „сериозни разговори” со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките за луѓето што биле вакцинирани против ковид-19 да можат да минуваат време заедно, откри водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи.

 

– Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми по една година, изјави Фаучи за „Си-Ен-Ен“.

Фаучи, кој е научен советник на Бајден, процени дека ризикот од ковид-19 е драстично намален кај луѓето кои примиле две дози од вакцината, иако, како што вели, тој не исчезнал целосно.

– Конечно ќе почнеме да слушаме луѓе кои велат: „Еј, се повеќе луѓе примија вакцина, сега можам да вечерам со поширокото семејство, луѓе можат да дојдат во мојот дом, додаде Фаучи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега