Фаучи ги искритикува граѓаните поради однесувањето за време на пандемијата: Дружењето по баровите е навистина лошо, мораме тоа да го запреме

Директорот на Националниот инситут за алергија и заразни болести на САД, Ентони Фаучи го искритикува населението поради невнимателното однесување за време на пандемијата, а најмногу оние кои безгрижно седат во барови и пијат алкохол.

Фаучи истакна дека оние кои пијат го доведуваат целото друштво во ризик од зголемување на смртноста од последица од коронавирус.

„Бровите навистина не се добри во ова време. Дружењето во баровите е навистина лошо. Мораме тоа да го запреме“, рекол Фаучи, пренесува Бизнис инсајдер.

Тој додал дека е прилично загрижен поради избивањето на вирусот во уште 4 држави, Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, во кои денес се бележат повеќе од 50 отсто од случаите на новозаразени во цела Америка.

„Сега имаме 40 и повеќе илјади новозаразени секојдневно. Не би се изненадил да стигнеме и до 100.000 нови случаи секој ден и поради тоа сум многу загрижен. Ситуацијата може да стане многу лоша“, истакнал Фаучи.

Според последните информации, повеќе Американци починале од коронавирус во САД отколку во војните во Виетнам, Кореја, Ирак и Авганистан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа