Вчера во 16:00 часот во атар на село Рлевци, велешко, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишија од слобода Е.Б.(46) од село Горно Оризари, велешко и С.С.(29) од село Клуковец, велешко.
Имено, при преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети.
Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
- ВИДЕО: Свлечиште на градилиште во Центар – Оштетени тротоар, улица и автомобил
- ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ
- Светот во шок: Пронајдено тело на 12-годишно момче со крпа околу вратот, уапсен тинејџер
- Син се заканувал со нож на мајка си, уапсени сопрузи и партнери – Бранови од семејно насилство за едно деноноќие
- Полицијата не простува: Приведени 14 возачи
- Фатен на дело: Жител на Желино избегал од куќен притвор, па паднал во рацете на полицијата во возило со германски таблички
- Хаос во центарот на Скопје: Четворица Турци со „ауди“ удриле во мотор на млад доставувач, па брутално го претепале
- МВР со детали за пожарот во Радовиш каде гореше фабрика за текстил


