Фатени двајца дилери, во напуштен објект чувале марихуана

Полицијата уапси двајца дилери од Скопје кои чувале марихуана во напуштен објект. Како што соопшти полицијата, 34-годишниот Ф.Г. и 45-годишниот Н.Ж. се приведени вчера поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

-Претходно, по добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на  ул.„Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба, појаснуваат од МВР.

Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа