Фатен криминалец кој избегал од затвор: 26-годишен штипјанец повторно зад решетки

Денеска (31.01.2023) во 12.00 часот на бул.„Партизанска“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната.

Лицето ќе биде предадено на установата за доиздржување на казната. 

31.01.2023 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа