Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.К. од Берово поради сомнение дека сторил кривично дело „кражба“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 април годинава, на местото викано „Рачица“, пријавениот бил затекнат во државна шума како бесправно присвојува црноборови облици наменети за изработка на палети.
Против него е поднесена соодветна кривична пријава.


