Фатен 52-годишен дилер од Гостивар, во ранец носел 4,5 килограми хероин

Обвинителството отвори истрага против 52-годишен жител на Гостивар, за кој постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Осомничениот на 24 декември минатата година бил фатен со хероин со вкупна тежина од 4.461 грам.

„Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец што го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20 часот на булеварот Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој настан, кому му го предал ранецот полн со хероин“, велат од Обвинителството.

Бидејќи постои страв дека осомничениот ќе го повтори делото, како и со оглед на видот и количината на пронајдената дрога, која укажува на добро воспоставени криминални врски, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

14.01.2022 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега