Фановите уверени дека Клои Кардашијан е бремена: „Сигурно е бремена со Тристан“ (ФОТО)

После новите фотографии на Инстаграм, обожавателите на Клои Кардашијан се сомневаат дека е бремена.

На последната фотографија објавена на Инстаграм по повод американскиот Ден на трудот, на ријалити ѕвездата наводно ѝ ‘ѕирка’ трудничкиот стомак.

На фотографијата таа позира во широк фустан, а истата покренала лавина коментари. Меѓутоа, нејзиниот портпарол сè уште не се огласил.

„Дали е бремена?“, „Сигурно е бремена со Тристан“, „Погледни ѝ го трудничкиот стомак“, се само некои од коментарите.

Како што пренесуваат британските медиуми. Клои (36) неодамна е видена на прошетка со поранешното момче Тристан Томпсон откако карантинот го поминала со ќерката Тру. Сега повторно се заедно, а фановите се сомневаат дека Клои е бремена од поранешниот.

Посебно е збунувачки широкиот фустан, со оглед на тоа дека неодамна почна да ја покажува линијата која ја постигнала со напорни тренизни, објавувајќи фотографии во костими за капење од нејзината линија „Good American“.

 
 
 
View this post on Instagram

Happy Labor Day

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on Sep 7, 2020 at 4:22pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.09.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега