„Фаланга Херонеа“: На денешната прес-конференција на Град Скопје беа искажани невистини

Компанијата „Фаланга Херонеа“ ги демантира, како што велат, невистините искажани на прес-конференцијата на Град Скопје.

Оттаму посочуваат до во 2016. година заради изградба на Панорамското тркало, движењето на градежната механизација, бучава, прашина, компанијата била оневозможена да ја врши основната дејност.

-Веднаш побаравме да прекинеме со работа и да не плаќаме закупнина до завршување на изградбата кога би можеле нормално да продолжиме со работа. Нашата компанија до овој момент нема добиено никакво решение дека треба да продолжиме со работа како што тврди градоначалникот дека се случило во 2018 година. Доколку сме добиле такво решение ние ќе сме го почитувале, се вели во демантот на компанијата.

Оттаму велат дека денешната прес-конференција ја сметаат за политички мотивирана постапка во функција на престојните избори.

- Ние ќе ги превземеме сите правни мерки за заштита на интересите на нашата компанија, велат од компанијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2020 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега