„Фала Србија“ - Џанлука Ваки се вакцинираше против корона во Белград

Популарниот италијански милионер Џанлука Ваки (52), познат и како плејбој, денеска во Србија се вакцинираше против коронавирус, на Белградскиот саем, пренесуваат српските медиуми.

 

Ваки пристигна во Белград со приватен лет, а дојде само за вакцинација.

Тој за време на вакцинацијата цело време се фотографирал и снимал, а на крајот се заблагодари на Србија за можноста да се вакцинира против коронавирус.

„ Од овој момент па натаму ќе почнам да го живеам животот во целост“ рекол Ваки по вакцинацијата.

Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде исто така за три недели ќе добие втора доза од вакцината. Како што пренесуваат српските медиуми, на радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер бил вакциниран без маица, а бил видно расположен и насмеан.

Ваки се прослави со неговите видеа на кои тој танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кои ги следат милиони, кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат убави жени, луксузен имот, јахти, трошење пари и луда забава.

Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива во убави девојки, Ваки тренира секој ден, неговото тело е целосно покриено со тетоважи, а и не е можно да се претпостави колку години има Италијанецот, пишува „Блиц“.

Тој неодамна доби ќерка со својата 28-годишна партнерка Шарон, која гордите родители ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки.

 МАКФАКС

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ivan Dzudzelija (@dzudzelijaivan)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2021 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега