Езел сака да се лечи од зависноста наместо да лежи во затвор

Главниот лик на турската серија Езел кој беше уапсен во големата акција на турската полиција за борбата против трговијата со дрога, Кенан Имирџиоглу, сега бара да се лечи, наместо да лежи во затвор.

Имено, миленикот на женската публика од дилерите купувал кокаин и таблети, а задно со него во големата полициска акција беа уапсени и други славни турски имиња. Сега адвокатот на Кенан бара тој наместо да одлежи казна затвор, да оди на присилно лечење од својата зависност.

- Ќе видиме што ќе биде од ова, низкисела насмевка рече Кенан додека поминуваше покрај новинарите.

 

15:27

најчитано сега