Европското жариште со најголем број на заразени од мај

Велика Британија регистрираше речиси 4.000 нови потврдени случаи на заразени со коронавирусот, најмногу во еден ден од мај.

Во последните 24 часа регистрирани се 3.991 заразени лица, значително повеќе од вчера кога бројката беше 3.105.

Иако поголемиот број новозаразени се поради зголемениот обем на тестирање, јасно е дека вирусот и натаму се шири.

Денеска објавениот број на новозаразени е речиси два пати поголем од пред неколку недели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега