Европскиот суд и одговори на младата Турчинка : Визниот режим е легален врз основа на Шенгенскиот договор

Денеска Европскиот суд на правдата ја одби тужбата на младата Турчинка, Лејла Демиркан, која се обиде да докаже дека визниот режим за влез на турските државјани во земјите на Европската унија е „илегален“ и дека „треба да се укине“.

Дваесетогодишната Демиркан ја тужеше Германија пред Судот во Луксембург затоа што германскиот Конзулат во Анкара пред пет години го одбил нејзиното барање за виза.

Младата Турчинка тужбата ја базираше на делот од Договорот за асоцијација што Турција во 1963 година го потпишала со тогашната Европска економска заедница (претходничкаата на ЕУ), според кој, некои категории турски државјани можат без визи да патуваат во десетте членки на ЕЕЗ, меѓу кои и Германија.

Демиркан, со помош на угледниот германски адвокат Ролф Гутман, се обидеа да издејствува укинување на визниот режим за Турците кои патуваат во Германија и другите девет западноевропски земји кои во 1963 година биле членки на ЕЕЗ.

По долгото двегодишно разгледување на предметот, судот пресуди во корист на Германија, со констатацијата дека визниот режим е легален врз основа на Шенгенскиот договор.

Процесот беше следен со големо внимание во Турција, имајќи предвид земја веќе со години безуспешно се обидува да се најде на „белата“ шенгенска листа, и практично е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на чии граѓани се уште им се потребни визи за патување во Унијата.

Додека пак, западноевропскте земји процесот го следеа со стравување дека пресудата во полза на Демиркан може да доведе до „наплив на Турци“, бидејќи одлуките на Европскииот суд на правдата се обврзувачки.

Годишно земјите од шенген зоната одбиваат над 30.000 барања за визи на турски државјани.

24.09.2013 - 16:03

најчитано сега