Европски триатлон куп и Балканско првенство викендов во Охрид

Повеќе од 300 натпреварувачи од дваесеттина земји најавија учество на Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство што од утре до 16 септември ќе се одржат во Охрид.

Манифестацијата е во организација на Триатлон федерација на Македонија и Асоцијацијата на спортови „СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ“, а согласно со програмата за работа и Европскиот Триатлон календар на настани.

Стартот и целта на натпреварот во пливање, возење велосипеди и трчање е кај плажата „Бафало“ во близина на Студенчишкиот канал.

Организаторот на трката за двата дена на претстојниот викенд најави времен режим на одвивање на сообраќајот на дел од улиците во градот, како и на магистралниот пат кон Свети Наум, во периодот од 7:30 до 17 односно 15 часот. Притоа се апелира за разбирање до граѓаните, оттаму што се работи за манифестација што секако го промовира Охрид и Македонија на светската спортска мапа.

 

 

 

13.09.2018-11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега