Европски суд за ЧП:Русија е виновна за убиството на шпиoнот Александар Литвиненко

Русија е прогласена за виновна за убиството на поранешниот шпион Александар Литвиненко, објави денеска Европскиот суд за човекови права.

– Русија е виновна за убиството на Александар Литвиненко во Велика Британија во 2006 година, се вели во соопштението на судот.

Литвиненко беше поранешен агент на ФСБ, кој почина три недели откако пиeЛ чај во хотел во Лондон. Во пијалокот е додаден смртоносен полониум-210. Според странските медиуми, британската истрага утврдила дека тој бил отруен од агентите Андреј Лугова и Дмитриј Ковтун по „наредба најверојатно одобрена од Путин“.

21.09.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега