Европски совет: Расправата прекината, пауза по барање на Туск

По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, петседателот на Советот Доналд Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации, пишува „ТВ Нова“.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2019 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега