Европски град лежи на дијаманти- 72.000 тони скапоцени камења на секој чекор

Баварското гратче Нердлинген за прв пат се спомнува во деветтиот век.

Жителите го подигнале во внатрешноста на 26 километри широкиот кратер настанат од угасениот вулкан. За изградбата користеле камен од околината, кои им делувал необично бидејќи блескал.

Таа негова “моќ“ ја препишале на влијанието на вулканот, и тука за нив приказната била завршена. Се до шеесеттите години кога целата историја на нивното место е свртена наопаку.

Во гратчето стигнале двајца американски геолози, Џудин Шумејкер и Едвард Чао, кои после спроведените истражувања дошле до заклучок дека градот не лежи на кратер од вулкан, туку на кратер од астероид.

Ја објасниле и мистеријаа на светкавите камења. На местото на ударот на метеорот, се формирале посебен вид на камења – суевит, кои во набивањето во веќе постоечките гранитни блокови содржел и минијатурни дијаманти.

Широки се само 0.2 милиметри и одвај се видливи за човечкото око. Сите куќи во местото се изградени од суевит. Шумејкер и Чао процениле дека во куќите, црквата и другите објекти се наоѓаат отприлика 72.000 тони дијаманти.

„Среќа што дијамантите се толку мали, бидејќи црквата и останатите згради одамна би биле ограбени“ – изјави ѕвонарот на црквата, Хорст Ленер.

Метеорот со радиус од еден километар се движел со брзина од 25 километри во секунда. Во Земјата удрил пред околу 15 милиони години и создал кратер со ширина од 26 километри.

На светот постојат уште градови изградени од материјал настанат после удар на метеор, но никаде нема толкава концентрација на дијаманти како во Нердлинген.

Кратерот во германскиот град, од скоро 20.000 жители, толку е специфичен и единствен што и американските астронаути од мисиите Аполо 14 и Аполо 16 го посетиле градот за да научат повеќе за карпите на какви што ќе наидат во вселената.

„И ден денес го посетуваат луѓе од НАСА и Европската вселенска агенција“ – изјави доктор Стефан Хелзл, геолог и директор на локалниот музеј.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега