Европската унија се огласи за мигрантите од Турција

Турција се обврза дека ќе го прекине нерегуларниот мигрантски проток од Турција кон Европската унија, соопшти Европската комисија.

Според ЕК, Турција официјално не најави промена на својата политика кон бегалците во својата земја и додаде дека очекува оти Анкара ќе ги исполни обврските во контролата на протокот на мигранти во ЕУ.

-Би сакал да нагласам дека од турската страна немало официјално соопштение за какви било промени во политиката на барачите на азил, бегалци или мигранти. Според нас, сѐ уште во сила е Договорот за бегалци постигнат меѓу Турција и ЕУ и очекуваме Турција ги исполни обврските, рече Петар Стано, портпарол на ЕК.

Потсети дека Министерството за надворешни работи на Турција потврди оти нема промени во миграциската политика. Најави и разговори за ова прашање.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега